Новите автомобили во Франција не се продаваат
И натаму продолжува да опаѓа продажбата на нови автомобили во Франција исто како и во 2012 година.
Во јануари е забележан пад од 15 отсто со само 124.952 продадени автомобили, соопшти Комитетот на француските автопроизводители.
Француската автомобилска индустрија продолжува и натаму да опаѓа. Во споредба со јануари 2011 година, продажбата на „ПСА - Пежо Цитроен“ опадна за 16,7 отсто, додека „Рено“ заедно со неговата филијала „Дачија“, успеа да ја ублажи штетата забележувајќи пад од 7,4 проценти.
Слично
