Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новите автомобили стануваат луксуз во ЕУ?

Новите автомобили стануваат луксуз во ЕУ?
Едвај 11,8 милиони нови автомобили биле купени во земјите од Европската унија минатата година, што е најмалку од 1995 година. Продажбата на автомобили во 2013-та опаднала за 1,7 отсто во однос на 2012-та, или дури 26 отсто во однос на 2007 година, кога кризата изби во европскиот пазар, покажуваат податоците на Асоцијацијата на европските производители на автомобили (АЦЕА). Сепак автомобилските производители се дури и задоволни затоа што стравувале дека е возможно на годишно ниво продажбата да им падне за 3-5%. Катастрофалните резултати за автомобислкиот сектор сепак биле избегнати пред самиот крај на годината - раст на продажбата од 13,3% бил регистриран во декември што ги поправило резултатите за целиот последен квартал. Податоците покажуваат дека единствено во Велика Британија продажбата на нови автомобили е зголемена за 10,3 отсто, но затоа пак во Италија и Франција е забележано намалување на нарачките за 7,1 отсто односно 5,7 отсто. Во Германија намалувањето е за 4,2 отсто.
Слично

Поврзани вести