Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот врховен командант на украинската армија кажа на што ќе се фокусираат во борбата против Русија

Новиот врховен командант на украинската армија кажа на што ќе се фокусираат во борбата против Русија

Новиот врховен командант на украинската армија, Михајло Драпати денеска изјави дека добил задача да ги засили офанзивните операции против Русија и да подготви нови дејствија на руска територија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го назначи 43-годишниот Драпати на највисоката воена функција, заменувајќи го 60-годишниот Олександр Сирски.

Смената следува по разрешувањето на технолошки ориентираниот министер за одбрана Михајло Федоров минатата недела.

„Претседателот на Украина ни постави јасни задачи – да ги продолжиме и засилиме офанзивните операции на сите правци, да планираме нови операции зад непријателските линии, да ја развиваме армијата и нејзините технологии и да ги зајакнеме способностите на Вооружените сили на Украина“, напиша Драпати на Фејсбук.

Драпати потврди и дека генерал-мајор Игор Скибјук, поранешен командант на воздушно-десантните сили, ќе биде нов началник на Генералштабот.

Драпати, кого многумина го сметаат за припадник на новата генерација украински команданти, ужива репутација на искусен воен лидер. Неговиот претходник Сирски беше изложен на критики поради строгиот стил на командување, за кој дел од војниците тврдеа дека довел до неоправдано големи загуби.

Во денешната објава на социјалните мрежи, со која го потврди заминувањето од функцијата, Сирски ги истакна своето борбено искуство и спроведените реформи, меѓу кои и враќањето на повеќе од 700 квадратни километри украинска територија годинава.

„На мојот наследник му предавам армија која не само што ја одржува одбраната, туку и напредува – со иницијатива, со структура и со луѓе кои знаат како да го победат непријателот“, порача Сирски.

Украина подолго време врши напади длабоко на руска територија. Војната почна на 24 февруари во 2022 година. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Слично

Поврзани вести