Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот сопственик на Твитер им се закани на вработените: Или „хардкор“ или отказ

Новиот сопственик на Твитер им се закани на вработените: Или „хардкор“ или отказ

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, им рекол на вработените дека мора целосно да се посветат на новата „хардкор“ верзија на Твитер или ќе бидат отпуштени, пишува Independent.

Вработените, наводно, добиле е-пошта од фирмата во која се вели дека деловната политика на компанијата ќе стане „исклучително напорна“ во иднина.

„Ова ќе значи долги работни часови со висок интензитет. Само исклучителни перформанси ќе добијат преодна оценка“, се наведува во е-поштата.

Вработените требало да кликнат „ДА“ на врската со која се обврзуваат на „новиот Твитер“, а тие требало до четврток да донесат одлука.

Во спротивно ќе бидат отпуштени со три месеци плата, јавува РТС.

Мандатот на Маск откако го купи Твитер беше многу турбулентен. Прво го распушти целиот извршен одбор, а неколку дена подоцна отпушти половина од работниците.


Фото: Unsplash/Youtube - screenshoot

Слично

Поврзани вести