Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот шеф на еврогрупата ќе се знае во понеделник

Новиот шеф на еврогрупата ќе се знае во понеделник
Министрите за финансии од 17 држави кои како валута користат евро следната недела ќе одлучат кој ќе биде наследник на Жан-Клод Јункер, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за финансии, Маријана Коте.  Според Коте одлука се очекува на состанокот на министрите в понеделник во Брисел.

Министерот за финансии на Холандија Јерун Дајселблум вчера формално поднесе своја кандидатура за која западни медиуми тврдат дека ќе има поддршка.

Коте не изрази директно поддршка за Дајселблум, но наведе дека министерот Шојбле јасно укажал дека смета оти холандскиот министер е компетентен кандидат.

Слично

Поврзани вести