Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот Саудиски крал ја менува Владата!

Новиот Саудиски крал ја менува Владата!

Кралот Салман , новиот владател со Саудиска Арабија, во четвртокот спроведе важни промени во владата, а на мета на тие промени се најдоа двата сина на поранешниот крал Абдулах, објави службената саудиска новинска агенција.

„На чуварот на двете свети џамии Медина и Мека, кралот Салман му објави кралски декрет со кој принцот Халид бен Бандар бен Абдел Азис ал-Сауд се разрешува од должноста на директор на разузнавачките служби“, објавува агенцијата.

Таа вест е објавена недела дена после доаѓањето на тронот на новиот крал, после смртта на неговиот претходник Абдулах во период од околу 90 години.

Со другиот декрет принцот Бендар бен Султан, внукот на Абдулах е разрешен од должноста  на генерален секретар на Советот за национална безбедност и кралските советници. Принцот Бендар до 2005 година со полни 22 години бил Амбасадор на Саудиска Арабија во Вашингтон.

Отпуштени се и двата синови на поранешниот владател, принцот Мишал, гувернер на подрачјето на Мека, и принцот Турки кој управувал со главниот град Ријад, по декретите објавени на саудиската телвизија.
Третиот Абдулахов син, прнцот Митеб, е задржан на должноста министер задолжен за националната гарда, паралелна на војската од околу 200 000 припадници.
Слично

Поврзани вести