НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници
Рускиот министер за одбрана, Андреј Белоусов кој го замени Сергеј Шојгу, вели дека им се случува хаос и дека мораат да направат промени.
Тој кажа дека на војниците им треба подобар пристап до домување, болници и социјална помош.
„Мислам дека е хаос кога учесниците на специјалната воена операција, кои се враќаат, ги праќаат во болници, кои често, едноставно, се преполни. Ова прашање треба да се реши“, изјави Белоусов.
Коментарите на Белоусов, кој нема воено искуство, се чини дека имаат цел да им покажат на членовите на вооружените сили дека ги разбира нивните грижи.
Тој долго време е присутен на политичката сцена во Русија.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
Слично
