Новиот предлог-буџет на САД со економскиот раст на 3,2 отсто
Американскиот претседател Барак Обама до Конгресот на САД го достави предлог-буџетот за следната фискална година, со кој е предвидено забрзување на економскиот раст на 3,2 отсто, од овогодишните 2,3 проценти.
Предлог-буџетот во износ од 3,77 билиони долари, исто така предвидува и просечната стапка на невработеност во 2014 година да изнесува 7,2 отсто, што би претставувало намалување од сегашните 7,6 проценти.
Буџетот за фискалната 2014 година, што почнува на 1 октомври 2013 година, предвидува пад на американскиот буџетски дефицит на 744 милијарди долари, во однос на проектираниот кусок од 973 милијарди долари за фискалната 2013 година.
Слично
