Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот план на ЕК за бегалците – селекција за распределбата и финансиската помош

Новиот план на ЕК за бегалците – селекција за распределбата и финансиската помош

Европската комисија (ЕК) сфатилa како да се справи со неподготвеноста на земјите од Источна Европа да ги прифатат бегалците. Полска, Унгарија, Чешка и Словачка се едни од најрешителните противници за намерата на Брисел да ги преразпредели уште 120 илјади луѓе во земјите од Европската унија (ЕУ).

Според портпаролот на ЕК бегалците ќе можат да добиваат социјална помош само во земјата во која се распределени. Покрај тоа, ако полицијата ги пронајде во друга држава, тие ќе бидат вратени.

Претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер ќе го објави во среда новиот план на институцијата за справување со миграциската криза. Тој предвидува преразпределување во други држави на 120 илјади бегалци, кои во моментов се наоѓаат во Грција, Унгарија и Италија. Франција и Германија веќе потврдија дека шемата ќе ja прифатат односно 24 илјади и 31 илјади луѓе.

Земјите-домаќини ќе имаат право да се договараат со унгарските, грчките и италијанските власти за образованието и вештините на бегалците кои ќе им се најкорисни. Така да луѓето ќе бидат избрани според побарувачката, колку што е можно. На редистрибуција ќе бидат подложени само бегалците кои веќе се регистрирани во трите држави. Така ќе биде можно нивното движење да се проследи во новите држави.

Еднаш чим пристигнат во новата држава, тие ќе започнат постапка за доделување статус. Откако таа ќе заврши успешно, бегалците ќе имаат право на социјална помош и на пристап до пазарот на труд. Обично постапката трае 6 месеци, но ако трае подолго, земјата треба да му помогне на кандидатот да најде работа, објасни портпаролот на комисијата.

За секој примен имигрант владата на одредена земја ќе добие 6 илјади евра од европскиот фонд за миграцијата, кои ќе бидат употребени за негово издржување. Земјата ќе има слобода да одлучи дали додека ги обработува барањата на новодојденците да им се понуди да работат ида им се даде засолниште и храна, или не. Кандидатите чии молби нема да се одобрат, ќе бидат вратени во родната татковината.

Бегалците нема да имаат право слободно да се движат во Шенген простор и надвор од него и ќе можат да престојуваат постојано само во државата, која им има обезбедено азил. Ако бидат фатени на друго место, полицијата ќе го потврди нивниот идентитет и ќе ги враќа таму каде што се распределени.

Истовремено Еврокомисијата ќе предложи и листа од безбедни држави, за граѓаните кои нема да имаат право на азил во ЕУ. Во нив ќе бидат вклучени за прв пат и земјите кандидати за членство во ЕУ на Балканот, како и Турција.

Жан-Клод Јункер ќе ги објави во среда во Стразбур плановите на ЕК за да создаде фонд за Африка од 1,8 милијарди евра, со кој ќе се помогне на земјите да направат реформи, и да се спречи економската емиграција.

Слично

Поврзани вести