Новиот Hyundai Genesis ќе се нуди и во Европа
Hyundai ќе предложи втора генерација на седанот Genesis и во Европа . Ова го објави Autonews , наведувајќи дека премиерата на моделот ќе се одржи пред крајот на оваа година.
Hyundai има големи планови за новата генерација на Genesis , со што моделот ќе направи деби на стариот континент. Тука тој ќе мора да се натпреварува со германската тројка Audi , BMW и Mercedes , што нема да биде воопшто лесна задача, коментираат аналитичарите. Седанот Genesis сепак ќе има уште една важна улога - да го подобри имиџот на Hyundai во Европа .
„Новиот Hyundai Genesis ќе одигра клучна улога за подобрување на имиџот на нашиот бренд" , посочуваат од компанијата и дополнуваат дека моделот е само дел од сложувалката за промовирање на брендот.
Луксузниот автомобил ќе се појави на пазарот уште пред крајот на оваа година , а малку ревидираната верзија , специјално дизајнирана за Европа , ќе биде претставена во март на саемот во Женева .
За да биде конкурентен на германските седани , Hyundai Genesis ќе добие и верзија со систем за погон на четири тркала „Hyundai Traction“ ( HTRAC ) .
Слично
