НОВИОТ ДЕЛТА ПЛУС СОЈ МОЖЕ И ДА ЛАЖЕ - повеќето заразени немаат класични симптоми
Студија на Империјал колеџ покажала дека подтипот на делта сојот на коронавирусот, кој се повеќе се шири во Велика Британија, има помала веројатност да предизвика класични симптоми на ковид-19 кај заразените луѓе.
Односно, резултатите од истражувањето на новиот делта плус сој, познат како „AY.4.2“, покажале дека само една третина од заразените со него развиле „класични“ симптоми на ковид-19, додека кај оригиналниот делта сој (AY.4) речиси половина од испитаниците ги имале таквите симптоми.
Кај луѓето заразени со делта плус, две третини развиле било какви симптоми на ковид-19, додека кај оние заразени со сој делта варијантата, три четвртини имале барем еден симптом на болеста.
Се покажа дека подвидот на делта сојот се пренесува полесно, но не се покажа дека предизвикува потешки форми на болеста или ги прави вакцините против него помалку ефикасни.
„Се покажа дека е нешто полесно преносливо, но и помалку симптоматично, што е добро“, изјавил епидемиологот Пол Елиот.
Извор: Гардијан
