Новиот британски премиер ќе ги намали даноците на сметките за струја
Владата на новиот британски премиер Енди Барнам ќе ги намали даноците на сметките за струја, соопшти Даунинг стрит во вторник, во обид да ги исполни своите ветувања за ублажување на кризата со трошоците за живот.
Британската влада планира да го укине данокот на додадена вредност (ДДВ) на сметките за струја за домаќинствата од 1 октомври, се вели во соопштението.
Цената на овој потег за оваа финансиска година ќе биде финансирана со откажување на владината програма за дигитална лична карта од 1,8 милијарди фунти, соопшти Даунинг стрит.
Канцеларијата на Барнам претходно соопшти дека еден од неговите први потези како следен лидер на Велика Британија ќе биде откажување од плановите на владата за програма за дигитална лична карта.
Програмата за дигитална лична карта е план сите вработени да имаат дигитален документ за лична карта, програма дизајнирана за борба против нелегалната миграција, но која беше оценета како „фијаско“ од страна на меѓупартиски парламентарен комитет.
Како нов британски премиер, Барнам сака брзо да дејствува за да покаже дека британската политика може да функционира и да го подобри животниот стандард по години стагнација.
„Вестминстер предолго не работи за луѓе, а семејствата се борат со трошоците за живот“, рече Бернам.
„Тоа мора да се промени“, додаде тој.
Извор: Н1.хрФото: Принтскрин/Икс
