Новинарот на Ал Џезира Мохамед Фахми се откажа од египетското државјансто
Новинарот на Ал Џезира Мохамед Фахми, кој сѐ уште се наоѓа во затворот во Каиро, се откажа од египетското државјанство со надеж дека со тоа ќе си обезбеди ослободување, информира неговото семејство.
Мохамед Фахми е еден од тројцата новинари на Ал Џезира кои се осудени на седум до 10 години затвор поради неводно невистинито информирање и давање поддршка на движењето Муслимански браќа кое египетските власти го третира како терористичка организација. Пред два дена еигетските власти го ослободија австралискиот новинар Питер Гресте после поминати 400 дена во затвор.
Братот на Фахми, кој истотака е и канадски државјанин, ги информираше новинарите дека им било кажано дека новинарот мора да се откаже од египетското државјанство или од неговата слобода.
Официјалните извори од Канада потврдуваат дека ослободувањето на Фахми е извесно.
Судбината на неговиот египетски колега Бахер Мохамед, пак, останува неизвесна. Тројцата новинари беа уапсени во Египет на 29 декември 2013 година.