Новинарот кој го нарече Путин „убиец", нема да се извини
Новинарот на „Фокс њуз", Бил О'Рејли кој го нарече рускиот претседател, Владимир Путин „убиец", стави до знаење дека нема намера да се извинува за своите зборови.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави претходно дека Русија ја смета за недопустлива и навредлива изјавата на новинарот и очекува извинување.
„Работам над такво извинување, но тоа може да потрае некое време"- рече водителот и посочи дека тоа може да се случи некаде во 2033 година
Во интервју со претседателот на САД, Доналд Трамп, тој директно го нарече рускиот претседател „убиец".
Лидерот на Републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, коментирајќи го интервјуто, исто го нарече Путин „убиец".
Слично
