Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарка раскажа што видела на лице место во шумата во Изјум

Новинарка раскажа што видела на лице место во шумата во Изјум

Новинарката Емануел Чејз вели дека она што го видела во украинскиот град Изјум е полошо одошто луѓето можат да замислат. 

Таа објаснува дека луѓето биле мачени и убиени, по што руските сили ги закопале во гробница во шума. Најдени се тела на 17 војници.  Вели дека е извадено тело на машко лице на возраст од околу 18 години, на кое рацете му биле врзани, а воедно бил удрен по главата со остар предмет.  На внатрешната страна на бутовите имало траги на насилство.  Новинарката вели дека на оние пожарникари кои ги извадија телата ќе им треба психолошка помош. Властите објавија дека се најдени 440 тела. Претходно, гробница беше најдена во Буча, каде руските сили направиле масакр. Медиумите претходно јавуваа дека и во Мариупол имало закопани цивили по шумите. 

фото Твитер

Слично

Поврзани вести