Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарка пронајдена мртва на аеродром во Истанбул

Новинарка пронајдена мртва на аеродром во Истанбул

Британската новинарка Жаклин Сатон е пронајдена мртва на аеродромот „Ататурк” во Истанбул,под сомнителни околности, пишува Гардијан.

Новинарката патувала од Лондон, а слетала во Истанбул, бидејќи го пропуштила летото за Ирак. Некое време подоцна, нејзиното тело е најдено обесено во тоалетот.

Турскиот весник Хуријет пишува дека нејзините пријатели и соработници сметаат дека е невозможно да извршила самоубиство и тврдат дека е убиена, во моментот кога ги менувала авионите.

„Шокантни и тажни се вестите за смртта на Џеки Сатон во Истанбул. Потребна е меѓународна, не само локална, истрага ", вели нејзината колешка и пријателка Ребека Кук.

Таа вели дека сите што ја познаваат Сатон не веруваат дека би можела да се самоубие и повикуваат на меѓународна истрага.

Слично

Поврзани вести