Новинар повика Русија да ја нападне Германија, а Германците ги нарече нацистички ѓубриња
Рускиот новинар Владимир Соловјов го повика Кремљ да одговори со бомбардирање на Германија, затоа што оваа земја ќе прати тенкови на Украина.
Toj изјави дека народот на Германија мора да знае „какви нови нацистички лидери создадоа и доведоа на власт“. Соловјов ги нарече Германците „европски нацистички ѓубриња“.
„Време е да испратиме јасна порака до Германците дека заради испраќање тенкови во Украина, нивните територии и воени бази станаа наша цел. Шолц и Бербок ќе останат во историјата како идиоти кои создале уништена зона надвор од нивната земја. Осум години ги поддржувавте нацистите во Донбас, осум години лажевте од устата на вашата Меркел“, рече Соловјов.
Тој вели дека НАТО мора да биде уништен и дека друга опција нема.
Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок рече дека војуваат против Русија и дека мора да направат нешто за да ја одбранат Украина.
Германија вчера објави дека на Украина ќе ѝ испорача тенкови „Леопард 2“. Но, Украина ќе добие и тенкови од САД.
