НОВИ ЖРТВИ ВО ИТАЛИЈА: Уште четири луѓе починаа од корона
Бројот на жртви во Италија денеска се искачи на 11, откако во Ломбардија се потврдени уште четири смртни случаи од коронавирусот.
Анџело Борели, шеф на регионалната агенција за цивилна заштита, изјави дека сите тројца што починале денеска се постари лица, на 83, 84 и 91 година.
Властите велат дека бројот на заболените од вирусот во земјата скокнал на 322.
Вирусот се појави во Кина, но се прошири и во многу други земји.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги критикуваше Кина и Иран поради нивниот одговор на епидемијата од коронавирусот, обвинувајќи ги двете влади за цензура и за обид за прикривање на сериозноста од ширењето на заразата.
Во Македонија има броеви на кои луѓето кои се сомневаат дека имаат симптоми на коронавирус можат да се јават и да побараат помош.
