НОВИ ЖРТВИ: Во Доњецк загинаа 8 луѓе, има и повредени деца
Нови напади и жртви има во Украина. При напад на автобуска станица во Доњецк, загинаа најмалку 8 луѓе, додека четворица се повредени во руското артилериско гранатирање на градот Торецк во областа Доњецк, соопшти регионалниот гувернер, Павло Кириленко.
Кириленко на Телеграм наведе дека е погодена станица за јавен превоз, каде што се собирале луѓе, пренесува „Ројтерс“. Според него, меѓу повредените има и три деца. Тој објави мапа за завојуваните подрачја и број на жртви. Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави дека нападот е уште еден терористички чин на Русија и повторно ги повика другите нации да ја прогласат Русија за поттикнувач на тероризмот, што ќе доведе до дополнителни санкции против Москва.
Украинскиот претседател Володмир Зеленски изјави дека однесувањето на Герхард Шредер е одвратно, откако поранешниот германски канцелар ја посети Москва минатата недела и тврдеше дека Русија сака да „преговара за решение на војната“, пишува Гардијан. Војната почна на 24 февруари. Имаше прогнози дека војната може да трае со години.
фото принтскрин
