Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови жртви во Алепо, бомбардирањата не запираат

Нови жртви во Алепо, бомбардирањата не запираат

Иако меѓународните протести, бомбардирањата во Алепо не запираат и во текот на ноќта беше погодена болница во кварт на градот контролиран од бунтовниците. Загинаа две лица.

Поради бомбардирањето против цивили во Берлин и Лондон се одржаа големи протести.

Алепо се контролира од коалицијата од претежно џихадистички структури кои и даваат основа на Русија да ја поддржува со борбена авијација офанзивата на владината армија. Москва, исто така продолжува да го обвинува Вашингтон дека не ја разликува умерената опозиција од исламистите.

Доцна синоќа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери разговарале по телефон уште еднаш. Тие повторно разговарале за чекори за постигнување на примирје меѓу завојуваните страни во Алепо.

- Беа разгледани можните заеднички активности за нормализирање на ситуацијата во Алепо, а исто така работата на Советот за безбедност на ОН по севернокорејскиот проблем и одделни аспекти од билатералните односи, соопштија од Министерството за надворешни работи на Русија.


Слично

Поврзани вести