Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ЖРТВИ: Пет загинати во Киев при гранатирањето на ТВ кулата

НОВИ ЖРТВИ: Пет загинати во Киев при гранатирањето на ТВ кулата

Нови жртви има во Киев. 

Пет луѓе загинаа, а пет се повредени откако руските сили ја ракетираа главната ТВ-кула во Киев, објави агенцијата „Интерфакс“. Украинското Министерство за одбрана потврди дека кулата била цел на нападот, но нејасно е дали таа била погодена или околни објекти. По кратко време, сигналот на украинските ТВ-канали е повратен. 

Наскоро имаше и втора експлозија, а канцеларијата на претседателот Володомир Зеленски објави дека ракетата го погодила меморијалниот комплекс на холокаустот Баби Јар, што се наоѓа на 200 метри од самата кула.

Претходно, руското Министерство за одбрана јавно ги предупреди жителите на Киев да ги напуштат своите домови и да се засолнат зашто се планираат „високо прецизни напади“ на градот. 

Руското министерство за одбрана соопшти дека од почетокот на воената операција во Украина се погодени 1.325 цели од воената инфраструктура на Украина. Целосно е блокиран пристапот на украинските сили кон Азовското Море. 

Најмалку 600.000 луѓе од Украина заминале во соседните земји. 

фото Твитер

Слично

Поврзани вести