НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАРОКО, ЖИТЕЛИТЕ ВО ПАНИКА: Еве како изгледаат најпогодени реони од воздух ВИДЕО
Посилно тресење на тлото е почувствувано утрово во градот Маракеш, Мароко и околните места. Земјотресите биле со јачина од 4,5 степени според апликацијата Earthquakes, која ја следи сеизмичката активност и испраќа предупредувања до корисниците на паметни телефони.
ЕМСЦ соопшти дека регистрирал земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер на 77 километри југозападно од Маракеш.
Американскиот геолошки институт соопшти дека регистрирал земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 10 километри, на околу 80 километри југозападно од градот Маракеш.
На социјалните мрежи се појавија воздушни снимки од ужасниот пустош во Мароко.
The 7.2 magnitude #earthquake that struck #Morocco has left behind a long trail of destruction. Here is some aerial footage of some villages that have been entirely turned to rubble. #MoroccoEarthquake#المغرب#زلزال_المغرب#زلزال_مراكش#تضامنا_مع_المغرب pic.twitter.com/ZVV6jD9Dvk
— Al Mayadeen English (@MayadeenEnglish) September 10, 2023
Голем број објекти се урнати или оштетени. Жителите остануваат во близина на урнатините и чекаат помош.
Сè уште не е јасно дали земјотресот предизвикал дополнителни штети или жртви, но веројатно бил доволно силен за да ги вознемири луѓето во областите каде што штетите ги оставиле зградите нестабилни и каде што луѓето веќе велат дека се плашат од последователни потреси.
„Почувствувавме како се движи земјата“, изјави жителот за Ал Џезира. „Нема штета, но многу се почувствува“, додаде таа.
Известувајќи од Маракеш, Џона Хул од Ал Џезира рече дека централниот плоштад е полн со луѓе кои спијат на отворено.
„Во некои случаи, полицијата им кажа да не се враќаат во своите домови поради страв од уривање на некои згради“, рече тој.
— Info France 2 (@infofrance2) September 10, 2023
La ville s'est transformée en un champ de ruines.
#JT20H @AgnesVahramian pic.twitter.com/wxXGOjyAIq
„Многу други едноставно беа преплашени од можноста за последователни потреси и решија да останат надвор, што можеби ќе го направат повторно во наредните вечери“, рече Хал.
Хал рече дека многу луѓе се лути затоа што не добиваат помош од владата и дека волонтерите се обидуваат да обезбедат резерви за луѓето што остануваат на плоштадот.
Оддалечените села во Мароко се меѓу најпогодените места од земјотресот.
Селото Аит Јахиа во провинцијата Тарудант загуби една третина од своите жители поради земјотресот.
„Постои чувство на тага меѓу луѓето и тие изразија страв кога ќе пристигне помошта“, вели новинарот на Ал Џезира.
„Добиа одредена помош со храна, но главното барање им е сместување“, додаде тој.
Потсетуваме дека повеќе од 2.000 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер, што го погоди Мароко ноќта меѓу петокот кон саботата, пренесува Бета.
Обединетите нации проценија дека повеќе од 300.000 луѓе се погодени од земјотресот, а Мароканците се пожалија на социјалните мрежи дека владата не дозволува да пристигне поголема странска помош.
Фото: EPA-EFE/JALAL MORCHIDI