НОВИ ЗАКОНОДАВНИ МЕРКИ: Европол ќе се бори онлајн против тероризмот
Европската полициска служба Европол ќе може побрзо да ja отстранува секоја онлајн терористичка пропаганда. Тоа станува возможно благодарение на новите правила за управување, одобрени од Европскиот парламент денес, 11 мај.
Европол ќе може во некои случаи да си разменува информации директно со приватни структури како компании и невладини организации. Единицата, одговорна за интернет комуникациите, ќе може да се поврзе директно со социјалните мрежи како Facebook и да побара бришење на страници кои се користат од терористичката организација „Исламска држава“ (ИД, ИДИЛ).
Со тоа се цели побрзо да се запре ширењето на терористичка пропаганда.
Активистите за заштита на податоците, сепак имаат стравувања во однос на иновациите. Тие се плашат дека Европол ќе стане нешто како „супер регулатор“, особено земајќи предвид дека службата ќе може да бара од интернет провајдерите обезбедување на дополнителни информации за сомнителни корисници, како тоа дали објавиле слична содржина во страници, за кои Европол сеуште не знае.
Европол наскоро ќе може да ги забрза напорите за борба со тероризмот, криминалот и други криминални дела, како и ќе може да одговара побрзо на закани. Новите надлежности на Европол доаѓаат со сурови мерки за заштита на податоците и инструменти за заштита на демократијата, истовремено уверуваат од ЕП.
Текстовите кои се одобрени од парламентот и Советот на Европа во ноември минатата година, има за цел да им дадат повеќе овластувања на Европол, за да може службата да одговори на порастот на меѓудржавни злосторства и терористички напади, најмногу преку полесно создавање на специјализирани единици кои можат веднаш да се занимаваат со новите закани. Текстовите ќе вклучуваат и јасни правила за постоечките единици на Европската терористички центар, кој започна да работи од 1 јануари оваа година, појаснуваат од Парламентот.
„Новите правила за Европол се силна законодавна мерка која ќе помогне за подобрување на безбедноста на европските граѓани“, рече известувачот на ЕП Агустин Дијаз де Мера, европратеник од ЕПП, пред дебатата во Европарламентот.
Според новите правила на годишна база Европол ќе поднесе извештај за информациите обезбедени од страна на националните влади, на Европскиот парламент, Советот на Европа, Европската Комисија и земјите членки.
