Нови трагични детали за смртта на кинескиот „Супермен“
Откако полицијата по речиси еден месец ја потврди смртта на популарниот кинески каскадер Ву Јонгнинг се појавуваат нови информации за трагичниот настан. Според чичкото на Ву, за изведување на опасниот трик како прави згибови на работ на зграда со 62 спрата требало да добие 15 илјади долари.
Ву работел како каскадер во акциони филмови и бил експерт за боречки вештини, па имал и свои спонзори кои му задавале предизвици со опасни сценарија кои тој требало да ги изведе и сними за да привлече публика на социјалните мрежи.
Чичкото на Ву тврди дека следниот ден сакал да ја побара за жена неговата девојка откако ќе ја добие високата сума на пари бидејќи како филмски каскадер не заработувал многу. Полицијата истражува кои се лицата или компаниите кои му дале ваков вид на предизвик на Ву Јонгнинг што на крајот го одведе во смрт.
