Нови стрес тестови за европските банки
Поради страв од нова финсиска криза, европските банки ќе бидат подложени на стрес тестови со цел да се утврди отпорноста на финансискиот сектор.
Сепак Јурген Фишен , првиот човек на Банкарската федерација на Германија смета дека дел од банките кои ќе поминат на тестовите не значи и по автоматизам дека ќе имаат иднина. Според него резултатите од тестот не се гаранција за успешното преживување на банките.
-Оние што ќе го минат тестот, значи дека ќе имаат сила само за да преживеат, вели тој.
Овие тестови ќе стартуваат во мај, а резултатите ќе се знаат во октомври. Со нив ќе се утврдува отпорноста на банките од негативните шкови, слични на оние по колапсот на американската банка Леман Брадерс во 2008 година.
- Не верувам дека сите банки што денес постојат во Европа ќе преживеат на долг рок. Потрагата за успешен модел останува голем предизвик со оглед на ниските каматни стапки и новите прописи и даноци - рече Фишен.
Слично
