НОВИ СОЗНАНИЈА: Откриено е зошто се сруши рускиот авион
Руското Министерство за одбрана објави нови сознанија за уривањето на рускиот авион.
Според нив, почнал да откажува брзинометарот висиномер по што авионот изгубил контрола.
Опремата не работела како што треба, а експертите ќе утврдат зошто тоа се случило.
Техничка комисија ќе го истражи случајот, а резултати ќе има во јануари.
Од Министерството ги повикаа медиумите да се воздржат од шпекулации затоа што целосни информации ќе има откако ќе биде прегледана црната кутија.
Од Црното Море досега се извадени над 1.500 парчиња од урнатиот авион.
Засега 10 најдени тела од Сочи се префрлени во Москва.
Слично
