Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ СЛУЧАИ НА МОРБИЛИ: Најголем број на заболени во последните дваесет и пет години

НОВИ СЛУЧАИ НА МОРБИЛИ: Најголем број на заболени во последните дваесет и пет години

Над осумстотини ново заболени пациенти од морбили се регистрирани во САД, од почетокот на годината досега, соопштија американските здравствени власти.

Според здравствените работници овие бројки на заболени лица со мали сипаници се најголеми во последните 25 години, пренесуваат европските медиуми.

Во 1994 година во САД биле регистрирани 936 заболени лица од морбили во текот на цела година. Додека, од почетокот на оваа тековна година до сега се регистрирани 839 случаи, потврдуваат од Американскиот центар за контрола и превенција на болести, пренесуваат медиумите.

Случаи со мали сипаници има регистрирано во 23 држави, но најмногу во Њујорк.  Повеќето од заболените лица од морбили се невакцинирани.

Морбилите во минатото биле многу распостранети помеѓу луѓето, се до почетокот на 60-тите години кога со кампања за вакцинирање се надминал овој горчлив проблем.


Слично

Поврзани вести