НОВИ ШОКАНТНИ СВЕДОЧЕЊА ОД ЛОНДОН: Во еден стан најдени 42 тела кои изгореле во пожарот
Пожарникарите и спасувачите пронашле 42 тела само во една соба во Гринфил кулата по минатонеделниот стравичен пожар, тврди еден жител на Лондон.
„Мојот пријател работи во пожарникарната служба и вчера по телефон ми рече дека во една просторија пронашле 42 тела. Тоа никој не го знае“, рекол неименуван маж.
„Ние кои тоа го знаеме, го знаеме зошто го познаваме пожарникарот. Тој не смее да излезе со таа приказна во јавност бидејќи веројатно е дека ќе добие отказ или нешто слично. Но, пронашле 42 тела во една просторија. Од деца до старци“, прераскажува видно потресен маж.
Портпаролот на лондонската пожарникарна служба рекол дека не може да ја потврди ниту демантира оваа информација и дека полицијата раководи со истрагата.
Пријател на една од жртвите, кој исто така не сакал да го открива идентитетот за британските новинари рекол дека тоа е точно.
„Пронашле 42 тела во еден стан. Зборот „трагично“ ни приближно не може да го опише таквото сценарио. Ваквите работи едноставно кршат срце. Можеби се собрале на едно место за да си олеснат едни на други...“, рекол тој за Дејли меил.
Исто така, некои мислат дека владата не објавува точен број на луѓе кои загинале во пожарот.
„Владата не известува за точниот број на загинати“, смета Ноха Багдади, сестра на загинатиот Хешам Рахман, кој живеел на 21 кат.
„Мајка ми го повика кога виде дим и испаничено викаше: „Сине мора да излезеш надвор, мораш брзо...“ . Ја повикал полицијата за да праша што да прави, а тие му рекле да ја заклучи вратата и да остане во станот, прераскажува Ноха со солзи во очите.
