НОВИ САНКЦИИ: Русија го откажа и „Турски поток”
Русија ги прекина преговорите со Турција за гасоводот „Турски поток”. Информацијата ја пренесе руската агенција „Интерфакс“, цитирајќи неименуван владин извор.
Ова следува по затострените односи меѓу двете држави, поради соборувањето на рускиот авион.
Претходно пак, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека државата нема да пропадне ако се прекине изградбата на гасоводот.
“Вие знаете дека ние користиме гас од постоење на човештвото. Го користиме, бидејќи ние сме го откриле. Нашата нација е навикната на страдање. И не станува збор за тоа дека ние ќе пропаднеме без рускиот гас. Јас веќе реков дека, освен од Русија, ние купуваме гас од многу земји. Со божја помош ние ќе ги надминеме проблемите “, рече Ердоган.
Инаку, по соборувањето на авионот, Русија го укина безвизниот режим за Турција и започна изолациона економска политика.
