Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови санкции за Русија од Г7

Нови санкции за Русија од Г7
Групата на седум најмоќни држави има намера да воведе нови санкции против Русија и тоа по итна постапка. Одлуката се образложува со потребата да се казни Москва „затоа што не вложила напор за смирување на ситуацијата во Украина“. Според останатите држави во Г7 Русија го прекршила договорот од Женева. Новите санкции би можеле да бидат воведени веќе в понеделник, но се уште не се објавува за какви мерки станува збор. Она што е извесно е дека веројатно станува збор за поостри економски санкции, за кои најгласно се залагаат САД. Анонимен претставник на американските власти изјавил дека секоја земја-членка на Групата треба сама да одлучи какви дополнителни санкции ќе воведе. „Тие мерки не мора да се идентични, но треба да се координирани“, рекол тој по состанокот на Г7, групата во која членуваат САД, Канада, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција и Италија.  
Слично

Поврзани вести