Нови санкции за Русија и од Јапонија
Јапонија формално одобри нови санкции за Русија, кои вклучуваат замрзнување на имотите за 40 поединци и две групи кои ги поддржуваат проруските сили во Украина.
Истотака, забранет е увозот на сите производи од Крим, соопшти секретарот на јапонската Влада Јошиде Суга. Тој нагласи дека санкциите кон Русија се во согласност со мерките што за оваа земја неодамна ги усвоија САД.
И покрај санкиите, Јапонија и натаму е отворена за дијалог со Русија и се надева дека може да помогне за мирно решавање на ситуацијата во Украина, во соработка со меѓународната заедница и членките на Г7, вели Суга.
Во претходниот период Јапонија ги запре билатералните разговори со Русија за одредени прашања и воведе забрана за издавање визи за 23 руски државјани, чии имиња не се објавени.
Односите меѓу Јапонија и Русија со години се оптоварени со територијалниот спор околу Курилските Острови заради коиј двете земји никогаш не потпишаа мировна спогодба по крајот на Втората светска војна.
Слично
