НОВИ ПРОВОКАЦИИ: Северна Кореја изврши нови ракетни тестирања
Северна Кореја изврши нови тестови на ракети, кои според јужнокорејските служби се наменети за напаѓање на бродови, пишува Reuters. Тоа се ракетни тестирања кои ги врши тоталитарната држава и се случуваат помалку од една недела откако Советот за безбедност на ОН гласаше за построги санкции против Пјонгјанг.
Тестовите се случуваат само ден по барањето на Јужна Кореја дека ќе го одложи инсталирањето на останатите компоненти на американскиот противракетен систем THAAD. Распоредувањето на системот предизвика незадоволството на Кина, а лути реакции имаше и во внатрешноста на земјата.
Од изјавата на јужнокорејските служби, станува јасно дека ракетите се истрелани рано во четвртокот од крајбрежниот град Уонсан и достигна околу 200 километри внатре во морето.
