Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови правила за невакцинираните патници кои од две земји ќе пристигнат во Германија

Нови правила за невакцинираните патници кои од две земји ќе пристигнат во Германија

Германија ги заостри мерките за пристигнување на невакцинирани патници од две европски држави. 

Ова се однесува на луѓето кои се враќаат од Холандија и Шпанија. Овие две земји Берлин ги вклучи во списокот на земји со висока стапка на пренесување на коронавирусот. Патниците ќе мора да поминат најмалку пет дена во самоизолација по враќањето од Шпанија и Холандија, а одлуката е донесена за летните одмори. 

Само околу два проценти од малолетниците примиле целосна вакцина, што може да претставува загриженост за семејствата кои патуваат со деца или тинејџери. Шпанското Министерство за туризам објави дека не може да ја коментира одлуката на Берлин.

Во меѓувреме, и во Австрија многу луѓе се вратиле заразени, а биле на одмор во Хрватска и Шпанија. 

Мерките беа олабавени по што во многу земји скокна бројот на заразени. 

Турција има рекорд од над 11.000 заразени за еден ден. 

Слично

Поврзани вести