Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови поостри мерки во Германија: Се зголемува казната за неносење заштитна маска

Нови поостри мерки во Германија: Се зголемува казната за неносење заштитна маска

Германија ќе ги заостри ограничувањата на населението околу пандемијата на коронавирус, што ќе вклучи, меѓу другото, и зголемување на казните за не носење маски, според нацрт-договорот меѓу регионите и владата, до кој пристапи агенцијата АФП.  Ќе се воведат парични казни од најмалку 50 евра за неносење маска на места каде што е задолжително.

Властите ќе ги засилат контролите за да обезбедат целосно да се почитуваат карантинските периоди и да воведат казни доколку не се почитуваат, се вели во текстот договорен меѓу владата на Ангела Меркел и 16 германски провинции.

Иако ширењето на вирусот сега е јасно послаб отколку на неговиот врв во март и април, властите укажуваат на фактот дека бројот на инфекции повторно почна да расте во последните неколку недели.

Германија дневно бележи околу 1.500 нови случаи на инфекција, најголем број од крајот на април. Рекордот беше на почетокот на април, кога за еден ден имаше 6.000 нови позитивни случаи.

Колективното сместување, настани, прослави и движења поврзани со празниците се особено ранливи на ширење на вирусот, се вели во текстот, додавајќи дека порастот на инфекцијата во летните месеци треба да се сфати особено сериозно. Германија очекува натамошно зголемување на ширењето на инфекцијата во текот на зимските месеци, додаваат агенциите.

Германија, исто така, ќе забрани публика на стадиони, културни места, фестивали или саеми до крајот на годината, се вели во текстот. Тоа е тежок удар за фудбалските клубови во земјава кои се надеваа дека ќе можат делумно да ги вратат навивачите на стадионите со почетокот на новата сезона.

Исклучоци ќе бидат дозволени во региони каде што стапката е ниска најмалку една недела и доколку се обезбеди потврда дека учесниците доаѓаат исклучиво од таа или соседните провинции каде исто така е намалено ширењето на вирусот.

Досега, во Германија се пријавени 237.936 случаи на коронавирус, со 1.507 нови случаи во претходните 24 часа и 9.255 смртни случаи по избувнувањето, според Институтот Роберт Кох.


Слично

Поврзани вести