Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИКС ДОБИВА НОВИ ЧЛЕНОВИ: Проширување и планови за заедничка валута

БРИКС ДОБИВА НОВИ ЧЛЕНОВИ: Проширување и планови за заедничка валута

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса ја изрази својата поддршка за проширувањето на меѓународната алијанса БРИКС.

„Проширениот БРИКС ќе претставува разновидна група нации кои имаат заедничка желба да создадат поурамнотежен светски поредок“, рече Рамафоса во телевизиското обраќање до нацијата во неделата, според Блумберг.

На самитот ќе присуствуваат генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш и повеќе од 30 африкански шефови на држави, како и други лидери на таканаречениот „глобален југ“.

Лидерите на БРИКС - Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка - ќе одржат тридневен самит што ќе започне на 22 август, со можно проширување на алијансата високо на агендата. Повеќе од 20 нации официјално аплицираа за приклучување, рече Рамафоса.

Официјално формиран во 2009 година, БРИКС се бореше да го стекне видот на геополитичко влијание што одговара на нејзиниот колективен економски дострел.


Сегашните членки на блокот претставуваат повеќе од 42 отсто од светското население и сочинуваат 23 отсто од глобалниот бруто домашен производ и 18 отсто од трговијата, пишува порталот Бизнис.

Амбасадорот на Кина во Јужна Африка, Чен Ксијаодонг, изрази надеж дека земјите од БРИКС ќе создадат единствена валута.

- Ова е дефинитивно нашата надеж за следната фаза од нашата финансиска и монетарна соработка - рече тој, пренесува News24.

Фото:  EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Слично

Поврзани вести