Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови откритија: Пред да исчезне од радарите во пилотската кабина на рускиот авион се слушале чудни звуци!

Нови откритија: Пред да исчезне од радарите во пилотската кабина на рускиот авион се слушале чудни звуци!

Пилотите на рускиот авион „А321“, кој падна на полуостровот Синај, до моментот на несреќата не поднеле никаква информација за технички проблем или каква и да е вонредна состојба на одборот, објави „Интерфакс“, повикувајќи се на информиран извор од Каиро.

„Од записите во црните кутии на екипажот во пилотската кабина, станува јасно дека ситуацијата во авионот 4 минути пред исчезнувањето од радарите била нормална, разговорите се вообичаени за контактите со диспечерите, ништо не укажува за проблем на одборот“, тврди изворот.

Црните кутии покажаа дека во моментов на исчезнување на авионот од радарите во кабината се слушаат „нетипични звуци за нормален лет “. Сепак, пилотите не поднеле сигнал за несреќа, веројатно не сфатиле што се случува.

„Проблемот на авионот се има појавено неочекувано за екипажот, со што дури не им дал можност на пилотите да испратат сигнал за катастрофа“, коментира уште „Интерфакс“.

Слично

Поврзани вести