Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ НАПАДИ ВО РУСИЈА: Во кого е пукано овој пат?

НОВИ НАПАДИ ВО РУСИЈА: Во кого е пукано овој пат?

Четири лица кои се осомничени за два напади на полицијата во градот Астрахан на југот од Русија, се убиени во текот на потрагата, неколку часа по вториот напад. 

Напаѓачите убија двајца и ранија двајца полицајци. 

Од возило во движење е пукано во тројца војници од Националната гарда. Еден од војниците е убиен на лице место. 

Градоначалникот на градот вчера соопшти дека се сомневаат дека овие напаѓачи  се поврзани со  организацијата „Исламска држава“. Но, оваа информација не е потврдена од истражните органи. 

Овие напади се случија откако имаше предупредување за можност од напади, откако маж се разнесе во метрото во Санкт Петербург каде уби 14 и рани 40 луѓе. 

Слично

Поврзани вести