Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови напади: Турците удрија на курдите, загинаа 40 борци!

Нови напади: Турците удрија на курдите, загинаа 40 борци!

Повеќе од 50 турски воени авиони ги нападнаа во текот на ноќта засолништата на борците на Работничката партија на Курдистан на северот од Ирак. Загинале најмалку 40 припадници на ПКК.

Во извештајот на турската новинска агенција Анадолија се наведува дека повеќе од 50 турски борбени авиони учествувале во нападот кој траел шест часа, а во кој „загинале помеѓу 35 и 40 терористи“, пренсува АФП. Нападот е извршен како одмазда за нападот на ПКК во кој во неделата се убиени 16 турски војници. Во нападот учествувале 32 авиони Ф-16 и18 фантоми Ф-4, пренесуав Анадолија

Во судирите помеѓу турските сили за безбедност и припадници на ПКК од јули месеци и прекинот на примирјето, загинале повеќе од 70 припадници на турските служби за безбедност и на стотици борци на ПКК.

Турската војска во јули покрена силна воздушна кампања на жариштата на ПКК на југоистокот од Турција и северот од Ирак, додека другата страна возвраќа со секојдневни напади на припадниците на полицијата и силите за безбедност.

ПКК презеде одговорност за сметта на турските војници во нападот на воениот конвој во областа на Даглика во провинцијата Хакари, во близина на границата со Ирак, кој бил најкрвав напад од јули.

ПКК, која се смета за терористичка организација во Европа и САД, води тридецениски бунт против турската влада, во текот на која се убиени 40 000 лица.

Слично

Поврзани вести