Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови напади на Боко Харам во Нигер

Нови напади на Боко Харам во Нигер

Една жена бомбаш-самоубиец активира експлозив во градот Дифа во Нигер, неколку часа откако градот беше нападнат од припадници на исламистичката група Боко харам од соседна Нигерија, велат очевидци.

Боко Харам ги користи бомбашите-самоубијци во десетици напади во кои загинаа стотина луѓе, а ова беше прв таков напад надвор од Нигерија, јавува АП.

Нападот на градот Дифа започна во саботата вечер, а борбата помеѓу Боко Харам и армијата на Нигер траеше до раните утрински часови, кога екстремисти биле принудени да се повлечат и мирот повторно е обновен.

Неколку часа откако нападот бил одбиен, бомбаш-самоубиец за кој сведоци велат дека е жена го активирала експлозивот во преполнот пазар во Дифа, каде што трговците и купувачите доаѓаат од Нигерија и други земји во регионот.

Борбата против Боко Харам во последниве неколку месеци добила регионална димензија, а минатата недела милитантите извршија напади во Камерун и Нигер.

Регионални и официјални претставници на Афричката Унијата се сретнаа вчера во главниот град Јаунде, Камерун, каде што ги изнесоа предлозите за формирање на сили за борба против Боко Харам од 8750 членови од Нигерија, Чад, Камерун, Нигер и Бенин.

Официјални лица велат дека силите можат да бидат распоредени на почетокот од идниот месец, ако нема проблеми со нивното финансирање.

 

Слично

Поврзани вести