НОВИ МЕРКИ ВО ФРАНЦИЈА: Задолжителен ПЦР при влез за невакцинираните и тоа не постар од 24 часа
Негативен ПЦР
тест и тоа не постар од 24 часа мора да покажат патниците од Велика
Британија, Шпанија, Португалија, Кипар, Грција и Холандија ако влегуваат во Франција. Досега,
Британците мораа да имаат
тест не постар од 48 часа, додека за Шпанците, Португалците, Кипарците, Грците
и Холанѓаните, тој период бил 72 часа.
Ова се однесува за невакцинираните граѓани и таа стапува на сила од утре.
Инаку, француската влада стави неколку земји на црвената листа и тоа: Тунис, Мозамбик, Куба и Индонезија.
Слично
