НОВИ ГРАНИЦИ ВО ЕВРОПА: Синдромот Каталонија се заканува на Англија, Франција, Италија, Белгија и Германија
На западот од Европа може да дојде до промена на граници по референдумот кој се случи во Каталонија.
Во Белгија ако на Фламанците им е подобро без Валонците, оваа земја ќе „испари“. Тие сакаат отцепување, но по пат на преговори.
Историска и културна подлога има тензијата во италијанскиот регион Панадија за оделување од државата. Причината е економска.
Јужни Тирол под Алпите каде се зборува германски е „најврела“ граница во Европа. Приходите кои оваа покраина ги има може и сама да ги задржи.
Корзика е самостојна јазично и културно, а Париз не ни сака да слушне за некаква автономија. Неспорно е дека овој остров има своја култура и јазик. Корзика имаше екстремистички движења кои ги напаѓаа симболите на Франција на островот.
Идејата за самостојна Баравија е веќе сериозна политичка програма. Сепак како и другите федерални единици, и овој регион има голема независност.
Баварија со 13 милиони жители би била поголема од една Шведска, а плус економски таа е најмоќна во Германија.
