Нови експлозии утрово во центарот на Киев
Неколку експлозии утрово одекнаа во централниот дел на Киев. Градоначалникот Виталиј Кличко објави дека во областа Шевченко се слушнале две експлозии, пренесува Униан.
Кличко изјави дека предупредувањето за воздушен напад сè уште е во сила и ги повика граѓаните да останат во засолништа.
Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак изјави дека руските сили го нападнале Киев со беспилотни летала камикази.
- Русите мислат дека тоа ќе им помогне, но таквите акции се како агонија. Ни требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана и тоа што е можно поскоро. Немаме време за бавна акција. Повеќе оружје за заштита на небото и уништување на непријателот. Така ќе биде - рече Јермак.
Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на сведоци, јавува дека во центарот на Киев се слушнале три експлозии.
