Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ЖРТВИТЕ ВО БЕРЛИН: Убиени шест мажи и шест жени

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ЖРТВИТЕ ВО БЕРЛИН: Убиени шест мажи и шест жени

Германскиот весник Шпигел објави дека жртвите на нападот во Берлин се шест мажи и исто толку жени. 

Меѓу жените има Чехиња, Италијанка и Израелка. 

Убиениот возач на камион е Лукаш Урбан, полски државјанин, а другите жртви се Германци. 

Од 45-те повредени луѓе има државјани  на Шпанија, Британија, Израел, Унгарија, Финска и Либан. 

Италијанската полиција го уби Анис Амри, соопшти Италијанскиот министер за внатрешни работи, Марко Минети. Тој е убиен во Милано, три часа по полноќ за време на рутинска контрола. Полициските службеници го запреле и побарале од него да се легитимира. Тој наместо легитимација, извадил пиштол и почнал да пука кон полицијата при што бил рането едно лице. Амри е по потекло од Тунис,и  е осомничен за нападот на Божичниот базар во Берлин во кој загинаа 12 лица. 

Слично

Поврзани вести