Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ДЕТАЉИ: Терористите имале список со луѓе кои сакале да ги убијат!

НОВИ ДЕТАЉИ: Терористите имале список со луѓе кои сакале да ги убијат!

Вооружените мажи кои денеска упаднале во редакцијата на сатиричниот весник „Чарли Ебдо“ имале јасна цел - да го убијат главниот уредник Стефан Шарбоније, е најновата информација која на француските медиуми им ја дале полициски извори.

Анонимен извор од полицијата рекол за француски „Либертасион“ дека во редакцијата упаднале три вооружени мажи. Според зборовите на изворите, еден очигледно бил водач, а другите двајца се опишани како „смирени и одлучни“.

Во моментот на нивниот упад во редакцијата бил во тек колегиум, а тројцата напаѓачи без дилема се упатиле во тој правец. Било очигледно дека однапред знаеле кого бараат, наведува изворот.

 „Целеле кон Шарбоније“, истакнал извор од полицијата и додал дека напаѓачите, влегле во просторјата викајќи; „Каде е Шарбоније? Каде е Шарбоније?“

Според неговите зборови, останатите кои се нашле во редакцијата настрадале накндано, бидејќи напаѓачите ги убиле откако го погодиле главниот уредник. Тој додал дека смета дека сите четворица убиени карикатуристи биле на списокот кој напаѓачите го имале.

ПРИПАДНИЦИ НА АЛ КАЕДА?

Терористите викале и дека се припадници на јеменскиот огранок Ал Каеда пред да тргнат во напад на редакцијата, јавува британски Телеграф.

Агентот за продажба на недвижности Седрик Ла Беш (33) бил еден од сведоцит на нападот и рекол дека терористите стигнале со церн автомобил кој бил запрен на улица. Еден од нив носел граната, а сите биле облечени во маскирани црни униформи.

Ла Беш додал дека пред нападот насилниците му пишле на еден маж и му рекле: „Порачај им на медиумите дека ова е Ал Каеда од Јемен“.

Полицијата до нападнатата редакција стигнала пет минути после почетокот на пукањето, а напаѓачите од местото на настонот се оддалечиле со „рено клио“.

 Во денешниот напад на терористите настрадале главниот уредник на весникот „Чарли Ебдо“ Стефан Шабоније (47), карикатуристот Жан Кабу (76) и цртачите Жорж Вилинск (80) и Бернард Верлак Тинију (58), откако вооружани терористи упаднале во редакцијата на сатиричниот весник  „Чарли Ебдо“, во центарот на Париз, познат по карикатурите на муслиманските лидери.

Очевидци наведуваат дека напаѓачите викале: „Го осветивме пророкот“. Тие побегнале веднаш после нападот и за нив уште се трага.

Слично

Поврзани вести