Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ДЕТАЛИ ОД ТЕКСАС: Рамос ја испуштил муницијата од раце ѝ избегал во школото, се забаракадирал и почнал крвав пир

НОВИ ДЕТАЛИ ОД ТЕКСАС: Рамос ја испуштил муницијата од раце ѝ избегал во школото, се забаракадирал и почнал крвав пир

Салвадор Рамос (18), кој уби 19 деца и двајца учители во училиште во Тексас, бил во училиштето околу 40 минути или можеби подолго пред да биде убиен

Салвадор Рамос (18), кој уби 19 деца и двајца учители во училиште во Тексас, бил во училиштето околу 40 минути или можеби подолго пред да биде убиен, изјави директорот за јавна безбедност на Тексас, Стивен Макроу, на полицискиот брифинг.

- Има неколку неодговорени прашања за временската рамка и редоследот на настаните. Не сакам да ви дадам конкретна временска рамка. Но, суштината е дека полицијата беше таму. Тие веднаш се ангажираа. Го држеа во училницата – изјави Макроу.

Тој наведува дека напаѓачот бил убиен „во рок од 40 минути, [во рок од] еден час“. Имаше спротивставени извештаи за тоа што се случило пред 18-годишниот напаѓач да влезе во зградата и како полицијата надвор се обидела да го спречи.

Портпаролот на јавната безбедност на Тексас првично изјави за АП дека напаѓачот разменил оган со училишен службеник и пукал во двајца полицајци пред себе, но подоцна рече дека не е јасно дали полицајците пукале во напаѓачот. Претходно, официјалниот претставник изјави и за Њујорк Тајмс дека имало размена на оган.

Службеник за спроведување на законот запознаен со истрагата, исто така, изјави за АП дека службениците на граничната патрола имале потешкотии да ја пробијат вратата од училницата и морале да принудат член на персоналот да ја отвори просторијата со клуч. Службеникот зборуваше под услов да остане анонимен бидејќи не беше овластен да зборува јавно.

Има и наводи дека вооружениот напаѓач фрлил вреќа со муниција пред училиштето пред да влезе, изјави за Си-Ен-Ен наредникот Ерик Естрада од Одделот за јавна безбедност во Тексас.

- Осумнаесетгодишен напаѓач ја испуштил чантата откако пред него се обратил службеник на училиштето. Во таа торба всушност имало повеќе муниција. Тој всушност ја фрлил таа муниција и побегнал во училиштето каде се забарикадирал во една од училниците и, за жал, таму почнал да пука во невини деца и двајца невини возрасни кои биле во таа училница - изјавила Естрада, пренесува Си-Ен-Ен.


Слично

Поврзани вести