НОВИ ДЕТАЛИ ОД МИНХЕН: Откриен идентитетот на напаѓачот, најмладата жртва има само 14 години!
Напаѓачот кој уби најмалку десет лица во Минхен е идетификуван како 18-годишниот Давид С. пренесуваат странските медиуми.
Меѓутоа, полицијата уште официјално не ги открива овие наводи. Локалните медиуми наведуваат дека името на убиецот е Али Давид Сонболи. Тој живеел sо родителите во кварталот Максвоштанд во Минхен, но од порано не и бил познат на полицијата.
Тој е роден и пораснал на тлото на Баварија. Не бил бегалец, нагласил шефот на минхенската полиција Хубертус Андре. Дејствувал сам и немал помош.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/07/23/foto-tri-mladi-litsa-od-kosovo-ubieni-vo-minhen/" target="blank" ](ФОТО) Три млади лица од Косово убиени во Минхен[/button]
Користел пиштол „Glock“ од 9 мм кој го набавил илегално. Во текот на пукањето, полицајците се обиделе да го совладаат, но аутопсијата потврдила дека ниту еден полициски куршум не го погодил напаѓачот. Раната во неговата глава укажува на тоа дека Давид С, извршил самоубиство. Тој бил и психијатарски пациент кој бил на лекување. Истрагата треба да потврди дали бил под дејство на дрога или алкохол.
Како што пренесе Гардијан, меѓу жртвите се наоѓаат три жени и шест мажи. Осум жртви имале помеѓу 14 и 21 година, а една жена имала 45.
Во моментов во болниците се наоѓаат 16 повредени, од кои две лица се во тешка ситуација.
Некои од познаниците на напаѓачот рекле за медиумите дека Давид бил многу добар и дека немаат ништо лошо да кажат за него.
Полицијата во Минхен ги замолила сите кои поседуваат било какви снимки или фотографии да ги достават истите во потргата за нови докази.
Во куќата на напаѓачот не е пронајдено ништо што укажува на било каква поврзаност со Исламска држава или некоја друга организација, а исто така, сметаат дека немал никаков политички мотив за нападот.

