Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ДЕТАЛИ: Напаѓачот во Минхен се инспирирал од Брејвик

НОВИ ДЕТАЛИ: Напаѓачот во Минхен се инспирирал од Брејвик

Полицијата во Минхен откри дека напаѓачотод трговскиот центар "Олимпија"  најверојатно се инспирирал од Андерс Брејвик. Брејвик пред пет години уби 77 лица во Осло .

Органите на редот го претресле станот на 18-годишниот младич со иранско потекло. Во него не се откриени никакви докази кои го поврзуваат напаѓачот со "Исламска држава", соопшти шефот на локалната полиција Хубертус Андре.

"Станува збор за осамен напаѓач", објасни тој.

Нема никакви индикации дека имало и други напаѓачи. Злосторството и неговиот сторител немаат апсолутно никаква врска со бегалскиот проблем ", додаде Андре. При претресот утрово во станот, каде што тој живеел, се откриени докази дека тој е заинтересиран за прашања поврзани со умопобркани сторители на убиства и со масовни престрелки, рече Андре.

Има очигледна врска на пукањето во Минхен со норвешкиот масовен убиец Андерс Брејвик. Неговите родители не биле во можност да и помогнат на истрагата, бидејќи се во шок.

Напаѓачот имал 300 куршуми во ранец. Тој пукал со 9 мм пиштол Глок, за кој немал дозвола и најверојатно го стекнал нелегално.

Полицискиот шеф рече дека седум од жртвите се под 18-годишна возраст.

Во меѓувреме Обвинителството во Минхен соопшти дека сторителот на синоќешниот напад страдал од депресија и бил на психијатриско лекување, пренесоа светските агенции. "Поаѓајќи од принципот дека во овој случај станува збор за класичен чин на лудак, кој очигледно дејствувал без политички мотив", рече портпаролот на баварската обвинителство.

Тој додаде дека сојузниот обвинител одбил да ја преземе истрагата на нападот во Минхен, соопшти Ројтерс. Сторителот на нападот не и бил познат на полицијата пред тоа и нема криминално досие.

Потсетуваме дека по пукањето загинаа 9 лица, а напаѓачот се самоуби.

Слично

Поврзани вести