Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ДЕТАЛИ: Бомба и калашников најдени на аеродромот во Брисел

НОВИ ДЕТАЛИ: Бомба и калашников најдени на аеродромот во Брисел

Неексплодирана бомба и пушка калашников се откриени на бриселскиот аеродром, каде во терористичкиот атентат загинале 13 и се повредени трисетина лица.

Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон рекол дека овие атентати може да бидат поврзани со главниот организатор на ноемврискиот масакар во Париз Салах Абдеслам.

Локални бриселски ТВ станици јавија дека полицијата нашла една бомба која очигледно терористите не успелае да ја активираат после две ескплозии на аеродромот, како и автоматска пушка калашников, што ги потврдува изјавите на сведоците дека најпрво се слушнале извици на арапски јазик и пукање непосредно пред експлозијата.

Полицијата и силите за безбедност и понатаму крајно внимателно прегледуваат голем број во паника напуштени или од експлозијата уништени куфери и друг багаж бидејќи постои шанса терористите зад себе да оставиле уште бомби или експлозиви.

Белгискиот државен обвинител Фредерик ван Лев изјавил дека една експлозија веројатно ја предизвикал терорист самоубиец, додека медиумите пренесуваат наведувања на полицијата дека друга бомба е активирана со далечински управувач.

Исто така е пренесена проценка на истрагата дека нема сомнение дека атентатите на аеродромот и атентатот со најмалку 15 загинати во бриселското метро ги извршиле исламските терористи.

Властите во Брисел стравуваат од нови атентати притоа информираат дека денешните напади многу е веројатно дека се поврзани со апсењето на парискиот атентатор Абдеслам и разбивање на неколку дела од мрежата на неговите соучесници.

Јасно е дека апсењето на Абдеслам е чекор напред во соборување на тероризмот, но воопшто не можеме да кажеме дека тој проблем е решен бидејќи мрежата на Исламска држава и понатаму е активна во Европа, Франција и Белгија“, предупредил белгискиот министер за внатрешни работи.

Според професор на универзитет во белгискиот град Ливен кој е и експерт за тероризам Феличе Дасето за медиумите изјавил дека нападите на исламските терористи можеле да се очекуваат и дека засега уште не е јасно дали тоа е „злостор кој го направиле останатите претходни мрежи (соработници на Абдеслам) или е во прашање нов бран на џихадистички атентати“ поврзани со Исламска држава од Ирак и Сирија.

Дасето смета дека полицијата и војската тешко можеле да спречат атентарот на една од многубројните станици во метрото, но мисли дека аеродромот е лошо обезбеден и укажува на примерите на аеродромот во Делхи и други светски градови каде патник без авионска карта и претходна проверка на багаж со детектори на икс зраци и сензори на метал и експлозиви , не можат воопшто да влезат во аеродромските простори.

Слично

Поврзани вести