Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ДЕТАЛИ: Белгија еднаш го уапсила терористот, па го ослободила?

НОВИ ДЕТАЛИ: Белгија еднаш го уапсила терористот, па го ослободила?

Еден од терористите кои стојат зад вчерашните напади во Брисел, претходно паднал во рацете на белгиската полиција, но бил пуштен на слобода.

Ова го тврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој рече дека истото лице претходно било уапсено во Турција, па депортирано во Белгија.

„И покрај нашите предупредувања дека тој човек е странски терористички борец, Белгија не можеше да утврди какви било врски со тероризам“, рече Ердоган.

Ергодан не го именуваше терористот, само кажа дека бил уапсен на турската граница со Сирија во Газиентеп.

Инаку, во моментов Брисел е се уште под опсада, бидејќи Наџим Лахрауи, третиот осомничен терорист за нападите, е во бегство.

Главниот џихадист од редовите на ИСИС се уште е на слобода, а државата стравува дека постои голем ризик од нови напади.

Ова следи откако на аеродромот „Завентем“ беа пронајдени Калашников и повеќе неексплодирани рачно изработени бомби.

Белгиското федерално обвинителство соопшти дека двајца од бомбашите самоубијци во бриселските напади, се идентификувани како браќа, Халид и Брахим Ел Бакрауи – и тие од порано ѝ биле познати на полицијата.

И тројцата се поврзани со Салах Абдеслам, приведен минатиот петок во Брисел заради учество во нападите во Париз од 13 ноември минатата година.

Слично

Поврзани вести