НОВИ ДЕТАЛИ: Атентаторите од Брисел го држеле премиерот на Белгија на нишан
Џихадистите кои ги извршија нападите на аеродромот „Завентем“ и во метрото во Брисел минатата недела, собирале информации за белгискиот премиер Шарл Мишел, соопштува БиБиСи, повикувајќи се на локалните медиуми.
Според истражните е можно токму тој да бил цел на атентаторите.
Сомневањата доаѓаат од информациите најдени во компјутер кој е запленет од властите при претреси по нападите.
Од непотврдени информации, станува јасно дека во информацијата има планови на зграда, како и слики кои се направени пред канцеларијата на премиерот.
Во компјутерот исто така има белешка од еден од атентаторите Брахим Бакрауи, еден од бомбашите на аеродромот, кој напишал дека е прогонуван и никаде не се чувствува безбедно.
Компјутерот кој беше најден во корпа за ѓубре на улица „Макс Рос“ во населбата „Скарбек“ ден по нападите.
Токму оттаму тргнале кон аеродромот тројцата осомничени за нападите на „Завентем“.
Повикувајќи се на сигурни извори, весникот „De Tijd“ забележува дека во компјутерот има подетални информации и слики за домот и канцеларијата на премиерот.
Работното место на Мишел е на 16 „Rue de la Loi“ - истата улица каде е метро станица „Малбек“ - токму таму братот на Ибрахим се разнесе час по нападот на аеродромот.
Весник „De Standaard“ пишува пак дека терористите барале информации за канцеларијата на Мишел на интернет.
Но тие разгледувале стотици работи во Google, објавија извори.
Компјутерот е важен извор на белгиските истражни органи во потрагата на третиот осомничен на аеродромот, кој избегал откако бомбата која ја носел не експлодирала.
Белгиските власти испратиле копија на ФБИ од хард дискот.
Вчера вечерта белгиските власти објавија дека при нападите во Брисел загинале 32 лица.
17 се Белгијци, а 15 се странци. Други 94 лица остануваат во болница.
Аеродромот останува затворен и денес.
